Масажи
Сакате да се релаксирате, потребна ви е терапевтска масажа за рехабилитација, или пак антистрес масажа со брзото темпо на живот, ние ќе ви помогнеме да ја одберете онаа масажа што е најсоодветна за вас. А ние ви нудиме и егзотични масажи како хавајска или чоколадна масажа, со кои ќе ги разгалите сите сетила. Нашиот тим под професионалното водство на Оливера Тодоровска, сертифициран масер, има повеќегодишно искуство во делот на масажи, кои се изведуваат во пријатен амбиент за севкупно Велнес искуство. Овозможете си време за себе и посетете го нашиот салон за масажа, веруваме дека повторно ќе сакате да се вратите и грижата за себе ќе ви стане навика.
Релакс масажа
Релакс масажата се врши на нежен начин, следејќи ги контурите на мускулите (меките ткива) на
телото. Со овој тип на масажа се масира целото тело. За време на масажата за релаксација не треба да има болка, всушност
тоа е многу пријатно искуство. Нежното масирање и долгите, мазни ритмички
движења даваат многу придобивки за целокупното здравје и благосостојба. Релакс масажата има повеќе придобивки како намалување на
напнатоста и болките во мускулите, намалување на анксиозноста, подобрување на
сонот и имунитетот.
Може да
одберете од двете опции – 45 или 90 минути Релакс масажа.
Нарачај Релакс масажа
Ароматерапи масажа
Техниката на масажа со ароматерапија вклучува употреба на есенцијални масла во масажата. Комбинира нежен и силен притисок додека користи различни мешавини на есенцијални масла. Масажата со ароматерапија помага да се подобри расположението, да се контролира болката и да се поттикне релаксација. Во текот на масажата разредените есенцијални масла се нанесуваат заедно со лосион на кожата, а се тврди дека овие есенцијални масла помагаат да се зголемат придобивките од различните техники на масажа.
Нарачај Ароматерапи масажа
Хавајска Ломи Ломи масажа
Ломи Ломи масажата е вкоренета во традициите на древните исцелители на Хаваи, а е распространета во целиот свет. Ова е вид на масажа при која терапевтот ги користи подлактиците и рацете за да врши течни, ритмички движења врз телото на клиентот (често се опишуваат како сензација на нежни бранови) со што се овозможува слободен проток на енергијата низ телото. Ова помага да се ослободат емоционалните, како и физичките тензии - што ја прави прекрасно холистичко искуство кое помага и на физичкото и на емоционалното здравје.
Нарачај Хавајска Ломи Ломи масажа
Терапевтска масажа
Терапевтската масажа е форма на рехабилитација која помага за лекување на специфични потреби, како хронична болка, акутни состојби или секојдневниот стрес. Притоа се користат различни техники засновани на вашите потреби, вклучувајќи нежно истегнување, подлабок притисок или фокусирање на специфични „јазли“ - области кои се формираат кога мускулните влакна се собираат и не се ослободуваат правилно.
Со неа се третираат областите каде што може да имате проблем и напнатост, како што се затегнати раменици, плешки, вкочанет врат или болки во долниот дел на грбот, рацете и нозете. Таа може да помогне да се намали физичката непријатност и да се поттикне вашето тело да заздрави со подобрување на протокот на крв, олеснување на затегнатоста на мускулите и ослободување од стресот. Терапевтската масажа исто така може да го смири вашиот ум, да помогне да се намали анксиозноста, да се подобри вашето расположение и да се зајакне целокупната благосостојба.
Нарачај Терапевтска масажа
Шведска масажа
Шведската масажа е техника на масажа на целото тело која се користи за ослободување на напнатоста и релаксација на целото тело. Оваа техника е најдобра за оние кои имаат голема напнатост, чувствителни се на допир и ретко користат масажа, бидејќи се фокусира на стимулирање на нервните завршетоци и подобрување на циркулацијата во површинските мускулни слоеви. Шведската масажа е една од најпопуларните техники на терапија за масажа и користи различни стилови на масажа за време на процесот. Дополнително, при оваа масажа се користат долги движења за да ја реплицираат природната циркулација на крвта во телото, а со тоа се отстрануваат токсините и се зголемува протокот на крв и кислород.
Шведската масажа комбинира рехабилитирање на телото и релаксација во едно, што е една од причините зошто е толку популарна. Оваа техника на масажа има различни придобивки како што се намалување на болката и вкочанетоста на мускулите, подобрување на флексибилноста, подобрување на варењето, подобрување на квалитетот на спиењето и зајакнување на имунолошкиот систем.
Нарачај Шведска масажа
Спортска масажа
Спортската масажа е техника која се користи за луѓе со физички напорни хоби или професии, како спортисти или фитнес тренери. Оваа техника на масажа генерално се користи за да помогне во ослободувањето на мускулната напнатост, да се намали болката и да се мобилизираат меките ткива. Спортистите и активните луѓе можат да користат спортска масажа како дел од нивниот режим на тренинг за да помогнат во подобрувањето на нивните перформанси и да се спречи ризикот од повреди.
И покрај името, оваа техника на масажа е соодветна за секого, без разлика дали сте професионален спортист или работите со долго седење. Спортската масажа е од суштинско значење за подобрување на закрепнувањето и рехабилитација на повредите, а може да се прави во различни периоди - пред, после натпревар или како дел од програмата за тренинг.
Нарачај Спортска масажа
Парафинска топла масажа
Парафинската топла масажа вклучува употреба на топло парафинско масло на оние делови од телото на кои им е потребен третманот. Таа е наменета за лица кои имаат вкочанетост и болки во мускулатурата
Парафинот е природен омекнувач кој помага кожата да стане еластична и мека, а исто така дава длабинска, хидрирачка топлина на мускулите и зглобовите.
Нарачај Парафинска топла масажа
Чоколадна антистрес масажа
Чоколадната масажа се врши со специјален чоколаден лосион и помага да се ослободиме од стресот и делува како ароматерапија.
Овој третман ја храни и хидрира кожата, а помага и да се исфрлат токсините од телото. Може да помогне за подобрување на циркулацијата, со што се овозможува подобра апсорпција на хранливи состојки и варење на храната. Самиот мирис на чоколадо во текот на масажата помага да се ослободат ендорфини, со што се создава чувство на среќа и релаксација. По прекрасната масажа следува пријатен туш.
Нарачај Чоколадна антистрес масажа
Кралска чоколадна масажа
Кралската чоколадна масажа се врши од 2 масерки, со специјален чоколаден лосион и помага да се ослободиме од стресот и делува како ароматерапија.
Овој третман ја храни и хидрира кожата, а помага и да се исфрлат токсините од телото. Може да помогне за подобрување на циркулацијата, со што се овозможува подобра апсорпција на хранливи состојки и варење на храната. Самиот мирис на чоколадо во текот на масажата помага да се ослободат ендорфини, со што се создава чувство на среќа и релаксација. По прекрасната масажа следува пријатен туш.
Нарачај Кралска чоколадна масажа
Рефлекс масажа на стапала
Рефлекс масажа на стапала вклучува примена на нежен и силен притисок на различни точки на притисок на стапалата. Оваа техника на масажа е сосема различна од обичната масажа на стапалата бидејќи користи методи на масажа со точки на притисок на целните области за да го врати протокот на енергија во различни делови од телото. Рефлекс масажата може да помогне при различни здравствени проблеми како главоболки, стомачни проблеми или проблеми со синусите, а помага и во циркулацијата на крвта, кислородот и хранливите материи. Исто така, оваа техника на масажа се користи за да помогне во релаксација, за подобрување на расположението, намалување на болката и чистење на телото од токсини.
Нарачај Рефлекс масажа на стапала
Масажа на грб
Масажа на грб е парцијална терапевтска масажа на грбот. Тоа е форма на рехабилитација која помага за лекување на специфични потреби, како хронична болка, акутни состојби или секојдневниот стрес. Притоа се користат различни техники засновани на вашите потреби, вклучувајќи нежно истегнување, подлабок притисок или фокусирање на специфични „јазли“ - области кои се формираат кога мускулните влакна се собираат и не се ослободуваат правилно.
Со неа се третираат областите каде што може да имате проблем и напнатост, како што се затегнати раменици, плешки, вкочанет врат или болки во долниот дел на грбот. Таа може да помогне да се намали физичката непријатност и да се поттикне вашето тело да заздрави со подобрување на протокот на крв, олеснување на затегнатоста на мускулите и ослободување од стресот. Терапевтската масажа исто така може да го смири вашиот ум, да помогне да се намали анксиозноста, да се подобри вашето расположение и да се зајакне целокупната благосостојба.
Нарачај Масажа на грб
Масажа на глава
Масажа на глава е парцијална терапевтска масажа на главата. Тоа е форма на рехабилитација која помага за лекување на специфични потреби, како хронична болка, акутни состојби или секојдневниот стрес. Притоа се користат различни техники засновани на вашите потреби, вклучувајќи нежно истегнување, подлабок притисок или фокусирање на специфични „јазли“ - области кои се формираат кога мускулните влакна се собираат и не се ослободуваат правилно.
Со неа се третираат областите каде што може да имате проблем и напнатост, како што се затегнати раменици, вкочанет врат или болки во слепоочниците. Таа може да помогне да се намали физичката непријатност и да се поттикне вашето тело да заздрави со подобрување на протокот на крв, олеснување на затегнатоста на мускулите и ослободување од стресот. Терапевтската масажа исто така може да го смири вашиот ум, да помогне да се намали анксиозноста, да се подобри вашето расположение и да се зајакне целокупната благосостојба.
Нарачај Масажа на глава
Масажа на нозе
Масажа на нозе е парцијална терапевтска масажа на нозете. Тоа е форма на рехабилитација која помага за лекување на специфични потреби, како хронична болка, акутни состојби или секојдневниот стрес. Притоа се користат различни техники засновани на вашите потреби, вклучувајќи нежно истегнување, подлабок притисок или фокусирање на специфични „јазли“ - области кои се формираат кога мускулните влакна се собираат и не се ослободуваат правилно.
Таа може да помогне да се намали физичката непријатност и да се поттикне вашето тело да заздрави со подобрување на протокот на крв, олеснување на затегнатоста на мускулите и ослободување од стресот. Терапевтската масажа исто така може да го смири вашиот ум, да помогне да се намали анксиозноста, да се подобри вашето расположение и да се зајакне целокупната благосостојба.
Нарачај Масажа на нозе
Антистрес масажа
Антистрес масажата е комбинација од релакс и терапевтска масажа фокусирана на областите каде што најчесто е локализиран стресот, како што се вратот, рамената, грбот, главата, дланките и стапалата. Таа помага да се подобри циркулацијата и да се елиминира стресот, на тој начин што се опуштаат мускулите, телото се смирува, се ослободуваат ендорфини и се релаксира умот.
Нарачај Антистрес масажа
Кралска масажа (2 масерки)
Кралска масажа е Релакс масажа која се изведува од 2 масерки. Таа се врши на нежен начин, следејќи ги контурите на мускулите (меките ткива) на телото. Со овој тип на масажа се масира целото тело. За време на масажата за релаксација не треба да има болка, всушност тоа е многу пријатно искуство. Нежното масирање и долгите, мазни ритмички движења даваат многу придобивки за целокупното здравје и благосостојба. Релакс масажата има повеќе придобивки како намалување на напнатоста и болките во мускулите, намалување на анксиозноста, подобрување на сонот и имунитетот.
Нарачај Кралска масажа