Ломи Ломи масажата е вкоренета во традициите на древните исцелители на Хаваи, а е распространета во целиот свет. Ова е вид на масажа при која терапевтот ги користи подлактиците и рацете за да врши течни, ритмички движења врз телото на клиентот (често се опишуваат како сензација на нежни бранови) со што се овозможува слободен проток на енергијата низ телото. Ова помага да се ослободат емоционалните, како и физичките тензии - што ја прави прекрасно холистичко искуство кое помага и на физичкото и на емоционалното здравје.
Времетраење на масажата 60 минути