Wonder третмани


Само 25 минути третман можат да ви го променат животот!


WONDER е прв и единствен, најсофистициран апарат кој работи со електромагнетна и невромускулна стимулација. Дизајниран во Шпанија, а употребуван во светот, за прв пат во Македонија стана достапен во нашето студио.


Најдобар начин да го спречиме стареењето на зглобовите, мускулите, крвните садови, кожата и нервниот систем. Да се ослободиме од болките, стресот и депресијата. Да ја подобриме циркулацијата, метаболизмот и да имаме здраво тело.

Тоа е најнова метода за регенерирање на мускулите и правење на нови мускулни влакна и дефиниција на постоечките, а воедно ги опушта мускулите после јак тренинг. Само 25 мин сесија, ви заменува 3 часа тренинг во теретана.

Безболно ги елиминира масните наслаги и целулитот, ја затега кожата. На брз и ефикасен начин ќе се ослободите од вишокот на килограми.

Помага при дискус хернија, дископатија, ишијалгија, лордоза, кифоза, спондилоза, остеопороза, депресија, анксиозност.

Ги елиминира калцификатите и спазмите, го активира дигестивниот систем, го поттикнува лачењето на колаген во телото, ја подобрува циркулацијата и го зајакнува имунитетот. 

Преку невростимулација на карличните мускули, помага за зајакнување по породување, при депресија, нарушено сексуално здравје, контрола на мочниот меур, нередовно празнење и други проблеми поврзани со контролирањето на карличните мускули.

 

Оваа револуционерна технологија комбинира електромагнетна и невромускулна стимулација за да ги активира вашите мускули на начини на кои традиционалните вежби не можат. Без разлика дали сакате поцврсти мускули, намалување на маснотиите, или пак физио третман на целото тело, Wonder дава ефикасни резултати додека сте опуштени.


Во нашиот Sky&Stars центар со WONDER уредот работиме од 2023 година и постигнавме совршени резултати кај нашите клиенти. Третманите се персонализирани според вашите потреби, а согласно на тоа и индивидуално се приспособува бројот на потребни третмани за постигнување на потребните ефекти. За таа цел ви овозможуваме и пакет третмани со пристапни цени.


Искористете го моќниот потенцијал на WONDER уредот и започнете со трансформација на вашето тело уште денес.


На линкот Wonder третмани можете да направите резервација.