За Нас
Sky&Stars салонот за масажа и велнес, прв WONDER центар
во Македонија, се наоѓа во Скопје, нас. Аеродром, на улица Методија Шаторов
Шарло 1/1-8. Изминатите години измасиравме повеќе од 1000 задоволни клиенти!
Кај нас ви се
достапни голем број типови на масажи, приспособени на потребите на секој
клиент:
- Релакс, ароматерапи или антистрес
масажа
- Егзотични масажи како хавајска или
чоколадна масажа
- Терапевтска, спортска или рефлекс
масажа и други.
Следејќи ги барањата
на нашите клиенти, но и за развој на нови физикални процедури, покрај масажите
кои се наша основна дејност, постојано воведуваме нови апарати и техники, кои
го забрзуваат и подобруваат решавањето на проблемите со кои се соочуваат нашите
клиенти.
Од таа причина, во
нашиот салон, за првпат во Македонија стана достапен Wonder апаратот. Тоа е прв и
единствен, најсофистициран апарат кој работи со електромагнетна и невромускулна
стимулација. Дизајниран во Шпанија, а употребуван во светот, тој се користи за
повеќе намени како физио третман, зајакнување на мускулите, намалување на
масните наслаги, обликување на телото, или пак третман на карличните мускули и
сл.
Покрај големиот
избор на масажи, надополнети со Wonder третмани за електромагнетна и
невромускулна стимулација, во нашето студио може да ги набавите и суплементите
на GREEN WORLD – биолошки активни додатоци во исхраната за зачувување на
вашата виталност и добро здравје.
На тој
начин, Ви овозможуваме целосен пакет за вашето подобро
здравје и благосостојба. Со масажите и Wonder третманите делуваме на мускулите
и локомоторниот систем, за потоа со природните додатоци во исхраната од GREEN
WORLD да ги нахраниме клетките согласно Вашите потреби.
Посетете не` за да се уверите и самите во благотворните ефекти на нашите третмани.
Ве очекуваме!