НЕДОСТАТОК НА ВИТАМИН Д

1. Витаминот Д и респираторни заболувања
Истражувањата покажаа дека суплементите витамин Д можат да бидат корисни и да помогнат во заштитата на луѓето од респираторни заболувања. Една студија анализирала податоци од 25 клинички испитувања кои го испитувале ефектот на витаминот Д врз респираторните инфекции, вклучувајќи пневмонија, бронхитис и синузитис. Откриено е дека луѓето кои земале витамин Д имаат 12 отсто помали шанси да развијат респираторни заболувања во споредба со оние кои не земале. Исто така, децата на училишна возраст кои земале витамин Д, , во споредба со плацебо, имале 42 отсто помали шанси да добијат грип.
2. Недостаток на витамин Д и остеопороза
Една од основните улоги на витаминот Д е одржување на здравјето на коските. Ниските нивоа на витамин Д доведуваат до ниски залихи на калциум во коските, што го зголемува ризикот од фрактури. Недостатокот на витамин Д може да ги доведе луѓето во опасност од остеопороза, која се јавува кога новата коска не се обновува со иста брзина како губитокот на старата коска.
3. Недостаток на витамин Д и депресија
Ако сте запознаени со сезонското афективно растројство, можеби нема да бидете изненадени кога ќе слушнете дека недостатокот на витамин Д може да биде поврзан со поголем ризик од депресија. На крајот на краиштата, прекарот на витаминот Д е „витамин сонце“, и тоа не е само затоа што луѓето можат да го надополнат голем дел од витаминот Д што им е потребен преку изложување на сонце. Научниците тврдат дека постојат докази кои покажуваат врска помеѓу расположението и нивото на витамин Д, пришто недостатокот на витамин Д е поврзан со депресија.
4. Витамин Д и ризикот од шизофренија
Шизофренијата е сериозно нарушување на мозокот и симптомите обично се појавуваат на возраст од 16 до 30 години и вклучуваат халуцинации, некохерентен говор, повлекување од другите и проблеми со фокусирање или обрнување внимание. Според истражувањата, луѓето кои имаат недостаток на витамин Д може да имаат двојно поголема веројатност да бидат дијагностицирани со шизофренија во споредба со оние кои имаат доволно ниво на витамин Д.
5. Деменција и недостаток на витамин Д
Студијата објавена во списанието „Neurology“ откри дека умерениот и озбилен недостаток на витамин Д кај постарите возрасни лица е поврзан со двојно поголем ризик од некои форми на деменција, вклучително и Алцхајмерова болест. Деменцијата подразбира пад на когнитивните способности, отежнато размислување, однесување и меморија, а сето тоа има негативно влијание врз секојдневниот живот. Алцхајмеровата болест е најчеста форма на деменција, која сочинува дури 80 отсто од случаите на деменција, според Здружението за Алцхајмерова болест (Alzheimer’s Association).
6. Недостаток на витамин Д и дијабетес
Врската помеѓу ниските нивоа на витамин Д и дијабетесот е јасна. Сè уште не е познато зошто постои оваа врска, но истражувачите имаат хипотези. Истражувачите веруваат дека оваа врска постои бидејќи недостатокот на витамин Д влијае на инсулинската осетлисвост и резистенција. Друга можност е поврзана со улогата на витаминот Д и воспалението, бидејќи луѓето со дијабетес тип 2 имаат поголемо хронично воспаление. Истражувањата покажаа дека кога недостасува витамин Д, многу клеточни процеси во телото почнуваат да се распаѓаат, а тоа ја поставува основата за развој на болести како што е дијабетесот.
7. Рак на простата и ниско ниво на витамин Д
Постојат докази дека недостатокот на витамин Д може да игра значајна улога во здравјето на простатата. Научна студија открила врска помеѓу ниското ниво на витамин Д во крвта и агресивниот рак на простата. Истражувањата покажуваат дека ризикот од оваа болест може да се намали со обезбедување на адекватен внес на витамин Д.
8. Тешка еректилна дисфункција и ниско ниво на витамин Д
Една мала студија покажа дека мажите со тешка еректилна дисфункција имаат значително пониско ниво на витамин Д од мажите со блага дисфункција. Авторите на студијата веруваат дека недостатокот на витамин Д може да придонесе за еректилна дисфункција, така што ја попречува способноста на артериите да се шират - состојба наречена ендотелна дисфункција и маркер на срцеви заболувања, кој е поврзан со недостаток на витамин Д во други студии.
9. Недостаток на витамин Д и срцеви заболувања
Бројни студии покажаа врска помеѓу ниските нивоа на витамин Д во крвта и срцевите заболувања и компликациите. Студиите укажале на нивото на витамин Д како потенцијален виновник за здравствени проблеми поврзани со срцеви заболувања, вклучувајќи атеросклероза, висок крвен притисок, дијабетес и мозочен удар.
10. Недостаток на витамин Д и рак на дојка
Не само ракот на простата дели врска со ниските нивоа на витамин Д. Поврзаноста е забележана и со недостаток на витамин Д и ракот на дојка, велат експертите. Истражувањата покажаа дека „повеќето студии за витамин Д поддржуваат обратна врска помеѓу нивото на витамин Д и ризикот од рак на дојка. Ова значи дека недостатокот на витамин Д е поврзан со поголем ризик од рак на дојка. Истражувањата покажале дека клетките на ракот на дојката изложени на високи концентрации на витамин Д се поврзани со намалена активност.