WONDERFACE Тонирање на мускулите на лицето

WonderFace е револуционерен медицинско-естетски апарат кој за прв пат интегрира НЕВРОМУСКУЛНА СТИМУЛАЦИЈА и технологија на РАДИОФРЕКФЕНЦИЈА. WonderFace цели кон главните мускулни групи на лицето, со што се добиваат досега неспоредливи резултати во подмладување на лицето. Дизајниран и произведен во Шпанија, овој уред претставува револуционерно решение за неинвазивен третман на лице.

Убавината е во мускулите
WONDERFACE е комплетно нов третман против опуштената кожа и недостиг на цврстина на лицето. Тој истовремено делува на кожата и мускулите на лицето, при што ја ремоделира и затегнува кожата преку загревање на дермисот и зголемување на нивоата на колагенот и еластичните влакна. Невромускулните стимулации делуваат директно на мускулите на лицето, со што им помагаат да се зацврстат, особено во проблематичните делови на подочниците, јаболкниците, фронталните мускули и подбрадокот. Од друга страна, Радиофрекфенцијата е позната по својата ефикасност во стимулирање на создавањето на колаген и затегнување на кожата, што резултира со помлад и позатегнат изглед.

ТРИ МУСКУЛНИ ГРУПИ ИСТОВРЕМЕНО:
  • Фронтална: Ги затегнува кожата и мускулите.
  • Зигоматска: Ги намалува брчките меѓу носот и образите и има превентивен ефект.
  • Субмаксиларна: Го намалува подбрадокот.

НЕНАДМИНАТА ТЕХНОЛОГИЈА
Длабинско подмладување:
Радиофрекфенцијата делува на длабоките слоеви на кожата со што се создава колаген и еластин.

Мускулна стимулација:
Невромускулната технологија ги стимулира мускулите на лицето што помага да се тонира формата на лицето.

Подобрена циркулација:
Топлината од Радиофрекфенцијата ја подобрува циркулацијата, што доведува до поблескава и посвежа кожа.

Неинвазивен третман:
Без игли и операции, без ботокс.

Видливи резултати:
Помазна, поцврста и подмладена кожа по само неколку третмани.

Никогаш порано видени резултати 
За само две недели, пациентите можат да забележат значителни промени во изгледот и структурата на нивното лице:

  • Подобрување на подигнувањето на образите: Помлада контура на лицето благодарение на подигнувањето на образите.
  • Намалување на брчките на лицето: Забележително намалување на брчките, особено околу очите и устата.
  • Подигнување на веѓите: Подмладен изглед на горниот дел од лицето, со поиздигнати веѓи.
  • Намалување на подбрадокот: Резултати што придонесуваат за подефинирана вилица и целокупно слабеење на лицето.