ЗОШТО Е ПОТРЕБЕН ВИТАМИНОТ Ц?

Витаминот C или аскорбинска киселина е витамин кој е растворлив во вода, што значи дека човековиот организам не може сам да го синтетизира и не го складира. Затоа, организмот има потреба од секојдневен внес на овој витамин преку исхраната. Тој се апсорибира преку цревата, а остатокот кој не може да се апсорбира се исфрла преку урината.

Секојдневниот адекватен внес на витаминот C е потребен за оптимално здравје на човековиот организам. Тој е потребен за правилна апсорпција на железото во организмот и е основен двигател на сите останати витамини, микро елементи, ензими и киселини.
Витаминот C исто така е потребен за растење и регенирирање на клетките во сите делови на телото. Му помага на организмот да произведува колаген - протеин од кој е направена кожата, ‘рскавицата, тетивите и лигаментите.
Витамино C е моќен антиоксиданс, кој помага да се блокираат штетните ефекти предизвикани од слободните радикали - супстанци кои ја оштетуваат ДНК. Има силни антивирусни, антибактериски и антиинфламаторни ефекти.

Витаминот C помага за:
- зголемување на имунитетот
- одржување на здрави заби и непца
- подобрување на видот кај лицата со увеитис (воспаление на средниот дел од окото)
- лекување на алергии и состојбите поврзани со нив: астма, егзема, висока температура ( наречена алергиски ринитис)
- намалување на штетните ефекти при поголема изложеност на сонце како што се црвенило и изгореници
- намалување на негативните ефекти од консумација на антидепресивни лекови
- лекување на рани
- одржување на здрави коски
- намалување на шеќерот во крвта кај луѓето со дијабетес.

Доволниот внес на витамин C во организамот може да помогне да се намали ризикот од развој на некои болести:
- срцеви заболувања
- атеросклероза
- висок крвен притисок
- чести настинки
- канцерогени заболувања
- артритис
- макуларна дегенерација поврзана со стареењето
- пре-еклампсија
- астма.

Недостаток на витамин C
Иако ретко се случува да има сериозен дефицит од витамин C во организамот, сепак многу луѓе имаат ниски нивоа од овој витамин. Пушењето на цигари значиетлно го намалува нивото на витамин C во организамот. Ниски нивоа на овој витамни се повразни и со висок крвен притисок, заболувања на жолчното ќесе, мозочен удар, некои видови на рак.
Знаци на недостаток на витамин C се: сува и расцветана коса, гингивитис (воспаление и крварење на непцата), груба, сува и лушпеста кожа, споро заздравување на рани, лесно помодрување, крварење од носот, намалена способност на имунитетот.

Храна богата со витамин C
Најдобар извор на витамин C се: лимон, портокал, цитрон, пиперки, зелка, лубеница, папаја, јагоди, киви, манго, брокули, домати.