Кои симптоми укажуваат на недостиг на селен?
.
• Бели дамки на ноктите / кршливи нокти
• Бавно заздравување на раните
• Проблеми со тироидната жлезда
Селенот е неопходен за регулација на метаболизмот, особено за правилна функција на тироидната жлезда. Недостатокот на овој минерал може да доведе до зголемен ризик од намалена функција на тироидната жлезда.
• Намалена плодност
Отежнатото зачнување и слабата подвижност на сперматозоидите може да биде поврзано со недостаток на селен во организмот. Долготрајниот недостаток на селен може да доведи до неплодност кај мажите, но и кај жените.
• Лошо расположение / анксиозност
• Хроничен замор
Хроничниот замор многу често е последица на недостаток на некои нутриенти во телото, како што е селенот.
• Зголемено опаѓање на косата
• Ослабен имунитет
Доколку имате чести настинки или пад на енергија, без разлика колку и да сте спиеле, тоа е знак дека имате недостаток на селен.
• Слабост на мускулите
• Проблеми со концентрација и паметење

Лековити својства на селенот:
Употребата на селен е неопходна при:
- Развој на профилактични онколошки болести (овој минерал помага во намалување на ризикот од појава на разни видови канцер и во третманот на веќе дијагностициран канцер бидејќи го намалува неговото ширење и метастазирање).
- За време на спроведување на хемотерапија и радиотерапија.
- При болести на кардиоваскуларниот систем (исхемична болест на срцето, висок крвен притисок, аритмија, миокарден инфаркт), како и за брзо обновување на срцевиот мускул после срцев удар и операција.
- После хируршки интервенции.
- При атеросклероза (за нормализирање на размената на холестерол и подобрување на еластичноста на ѕидовите на крвните садови).
- При болести на зглобовите и коските (остеохиндроза и остеопороза), како и при повреди и фрактури на коските.
- При холецистит и хепатит, како и за подобрување на фунцијата на црниот дроб и нормално образување на жолчката.
- При болести на дигестивниот тракт : гастритис, колитис, панкреатит.
- При проблеми со тироидната жлезда.
- При бронхијална астма и алергии.
- При машка неплодност – олигоспермија (помага во спермогенезата и ја зголемува потенцијата).