НАНО КАЛЦИУМ
Софтгел капсулите „Нано калциум“ овозможуваат регулирање на проблемите повразни со недостатокот на калциум во организмот, како и снабдување на организмот со калциум за да се спречат овие проблеми. Калциумот е елемент кој има важни импликации за здравјето на луѓето, тој е основа на човековото тело. Овие капсули му даваат на телото брза и целосна апсорпција на калциумот, и даваат позитивни резултати, затоа што нано калциумот длабоко навлегува во проблематичните делови на телото и ефикасно делува, а позитивните резултати продолжуваат да траат долго време после престанокот на употребата.
.
Состав:
• нано калциум,
• жолт пчелин восок
• масло од соја
.
Главни здравствени придонеси од нано калциумот:
- Ја намалува болката, или помага за целосно исчезнување на болката и ја зголемува моторната активност на зглобовите, како резулатат на нано кристалите во клетките на ’рскавицата (кристалите ја опоравуваат ’рскавицата на ’рбетот, колковите, колената и зглобовите).
- Значително го забрзува процесот на опоравување на коскеното ткиво при повреди и операции.
- Значително ги намалува проблемите поврзани со слабеење на коските (остеопороза) и што е најважно служи како превенција за проблемите кај лицата постари од 40 години, игра важна улога во подобрувањето на телото кај жени во менопауза.
- Придонесува за силни заби, цврсти нокти и здрава коса.
.
Се препорачува да се употребува за:
- За време на учење, ментален и физички напор, стресни ситуации.
- Во период на активен раст на телото.
- Луѓе кои живеат во услови на недостаток на сончева светлина.
- При несоница, вртоглавица, слаба меморија, поспаност, слабост, раздразливост, замор, нервоза.
- При Паркинсонова болест.
- Да се подобри имунитетот.
- Да се спречи парадентоза и кариес.
- Активните спортисти имаат потреба од постојан влез на калциум во организмот.
- При болести на мускулно-скелетниот систем вклучувајќи артритис, артроза, остеопороза и фрактури на коските, оштетување на тетивите, мускулна дистрофија, грчеви во мускулите.
- При церебрална парализа.
- Да се подобри згрутчувањето на крвта и да се намали пропустливоста на крвните садови.
- При неправилна функција на паратироидната и тироидната жлезда.
- При кардиоваскуларни болести (атросклероза, коронарно срцево заболување, аритмија).
- При хроничен хепатититис и токсични оштетувања на црниот дроб.
- При кожни болести (егзема, псоријаза, алопеција), сува кожа, коса и кршливи нокти.
- При вегетативно-васкуларна дистонија.
- За превенција од туморни заболувања.
- За третман на машка и женска неплодност.
- При уротилијаза.
- При хронилна опстипација.
- При бронхијална астма, алергиски болести (уртикарија, поленска треска, алергиски бронхитис).
.
КОЈА Е УЛОГАТА НА КАЛЦИУМОТ ВО ОРГАНИЗМОТ?
Нашиот организам содржи, верувале или не, од 1 до 2,2 кг калциум кој е петиот по ред елемент застапен во човечкиот организам. Околу 99 % од него влегува во состав на коските и забите, главно во форма на апатит (минерал од класата на калциум фосфат), а помалку во форма на калциум карбонат. Преостанатиот 1 % калциум кружи во крвта и учествува во важни функции во организмот. Ова значи дека доколку не внесуваме продукти богати со калциум тогаш организмот „зема на заем“, поточно „краде“ од коските (бидејќи таму е најзастапен), што секако се одразува на квалитетот на забите и коските. Забите почнуваат да се расипуваат што значи забоболка, посета на забар, а да не зборуваме за појавата на остеопороза и остеопенија.
Значи, може да се каже дека калциумот е елемент кој има голема улога во некои важни функции во организмот, како на пример:
• Учествува во формирање на коските и забите
• Ја нормализира размената на водата во организмот и содржината на натриум хлоридот (готварска сол),
• Влијае на киселинско-базната рамнотежа на организмот
• Влијае на контракциите на мускулите, особено на мускулите на срцето
• Неопходен е за транспорт на нервните импулси. Тој го активира дејството на ферментите кои учествуваат во создавањето на неуротрансмитерите (тоа се хемиски супстанци кои го регулираат преносот на електричните сигнали меѓу нервните ќелии)
• Калциумот, заедно со натриумот, калиумот и магнезиумот учествува во регулацијата на крвниот притисок
• Калциумот го регулира процесот на коагулација на крвта.
• Тој е неопходен за транспорт на хранливите материи преку мембраната на ќелиите
• Го зголемува имунитетот на организмот, учествува при варење на храната, особено во метаболизмот на мастите.