Кралска масажа е Релакс масажа која се изведува од 2 масерки. Таа се врши на нежен начин, следејќи ги контурите на мускулите (меките ткива) на телото. Со овој тип на масажа се масира целото тело. За време на масажата за релаксација не треба да има болка, всушност тоа е многу пријатно искуство. Нежното масирање и долгите, мазни ритмички движења даваат многу придобивки за целокупното здравје и благосостојба. Релакс масажата има повеќе придобивки како намалување на напнатоста и болките во мускулите, намалување на анксиозноста, подобрување на сонот и имунитетот.