Потхранувачки капсули „ КОЖА, КОСА, НОКТИ“
Потхранувачките капсули „Кожа, коса и нокти“ содржат многу витамини, минерали, микро и макро елементи како и специјалниот додаток PABA (еден вид на ензим). Оваа комплексна формула може потполно да ги дополни потребите од сите хранливи состојки во организамот. Користејќи ги овие капсули кожата станува блескава и еластична, косата станува сјајна мека и бујна, а ноктите цврсти.
Состав:
- Витамин D
- Витамини од групата B: B1, B2, B3, B6, B12
- Витамин H
- Калциум
- Магнезиум
- Цинк
- Силикон
- Колаген
- PABA (вид на ензим)
Дејство врз организамот:
- ги подобруваат функциите на колагенот
- ја пополнува кожата, коскените ткива и косата со колаген
- придонесува за растење на косата и ефективно се грижи за неа, го успорува белеењето
- ги исполнува дневните потреби на витамините од групата B и други корисни хранливи состојки за здравјето.
Што е колаген?
Колагенот е најзастапен протеин во човековиот организам и главна протеинска компонента на кожата, косата, коските и сврзното ткиво.
Да се зборува за улогата и важноста на колагенот во човековиот организам значи да се зборува за едно од основните ткива - сврзното ткиво, кое заедно со рскавичното и коскеното прави потпорно ткиво кое е широко распространето низ целото тело. Сврзното ткиво е изградено од сврзувачки клетки и меѓуклеточни супстанции што ги опкружува, а кои се состојат од колоиден раствор (базични супстанции) и сврзувачки влакна. Колагенот има голем број на различни улоги: поврзување на поединечни коски на зглобовите, гради потпорен ѕид околу органите одвојувајќи ѓи меѓусебно, ја повразува кожата со структурите под неа, ги обвива мускулите и поединечните мускулни групи, ги обвива и ги штити крвните садови и нервите на места каде влегуваат и излегуваат од органите, така што освен потпора има и улога во исхраната, учствува во обновата на сите видови потпорни ткива , ја зачувува природната отпорност на организамот.
Човековиот организам има способност за постојана синтеза на колаген. Сепак, со текот на времето постепено се намалува капацитетот на неговата обнова поради процесот на стареење, постојано преоптоварување (врвен спорт, физичка активност) или автоимуни болести. Во младоста, губењето на колагенот брзо се надоместува, но со текот на годините почнува поспоро да се надоместува, односно после 25-та година од животот се смета дека во просек се губи 1,5% колаген на годишно ниво. Губењето на колагенот негативно влијае врз физичкиот изглед и функцијата на целото тело, и доведува до различни дегенеративни промени: предизвикува мускулно-скелетни нарушувања (артристис, вкочанетост, мускулни повреди), нарушување на функцијата на имунолошкиот систем и појава на телесни промени поврази со стареењето како што се брчки, целулит, сува кожа, опаѓање, оштетување и побрзо белеење на косата, нарушен облик на телото.
PABA – штит од сончевите зраци
PABA е посебен вид на ензим кој е потребен за синтезата на фолната киселина во човековиот организам. Тој ги апсорбира сончевите зраци, односно ја штити кожата од негативните ефекти на сончевите зраци.
Дејство на PABA:
- учествува како коензим во интерпретацијата и користењето на протеините
- учествува во формирањето на црвени крвни зрнца
- им помага на микроорганизмите во тенките црева да можат да синтетизираат фолна киселина
- претставува фактор за раст на одредени микроорганизми
- спаѓа во групата на промотери на раст
- обезбедува најдобра заштита од UV и UVB зраци (кои предизвикуваат изгорениици) а ги пропушта UVA зраците (ултравиолетовите)
- ја штити кожата по подолг физички напор, потење, пливање...
- помага за апсорбирање на витамините од групата B и витаминот C
- има анитбактериски ефекти.