Капсулите „Гуан Ѕе Кан“ се наменети за подобрување на функцијата и поддршка на здравјето на коските, зглобовите, лигаментите и сврзното ткиво, како и за спречување на болести предизвикани од недостаток на калциум. Придонесуваат за зголемување на моторните функции на зглобовите, намалување на болките во коските и намалување на мускулните грчеви. Тие имаат антивоспалителни и антиалергиски ефекти, како и силен ефект на подмлaдување.
За разлика од други препарати кои само ги намалуваат симптомите на болни ‘рскавици, капсулите „Гуан Ѕе Кан“ имаат за цел да ја вратат нивната функција , на тој начин што ја задржуваат водата во внатрешноста на ‘рксавицата, со што се намалува товарот на зглобовите и се намалува нивниот оток. Овие капсули учествуваат во биосинтезата на сврзното ткиво и ја забразуваат регенерацијата. Ја заштитуваат ‘рскавицата од штетните ефекти на слободните радикали.
Состав:
- калциум карбонат
- екстракт од монголски астрагалус
- корен од јајцевиден атрактилис
- корен од дринарија.
Се препорачува да се употребуваат при:
- болка и грчеви во мускулите
- слабост во тетивите
- болки, воспаленија и напнатост во зглобовите и ‘рбетот.
.
Дејство на капсулите:
- го промовираат растот на сврзното ткиво.
- го стимулираат производството на колаген и супстанции неопходни за раст на ‘рскавицата.
- го подобруваат лекувањето и рехабилитацијата на ‘рбетот.
- придонесуваат за целокупно зајакнување на телото, ги надоместуваат недостатоците на калциум и други минерали, ги зајакнуваат коските, го регенерираат коскеното ткиво.
- обезбедуваат отпороност на организамот од надворешни негативни фактори како нанадејни промени на времето и инфекции.
- имаат антиинфламаторни, антиедемски и антиалергиски ефекти.
- имаат силен ефект на подмладување – придонесуваат за елиминирање на токсините.
- се употребуваат за превенција и при комплексна терапија на болести повразни со недостатокот на калциум во организамот.
Биолошка улога на калциум карбонат:
- Претставува градежен материјал на коските и забите.
- Важен е за регулирање на растот и активноста на клетките на сите видови ткива.
- Влијае на метаболизамот.
- Важен е за нормална мускулна активност на нервниот систем.
- Обезбедува нормално згрутчување на крвта.
- Има антивоспалителни дејства.
Лековити својства на јајцевидниот атрактилис
Оваа билка се користи во сурова состојба , има пријатен мирис и горчлив вкус. Ја нормализира функцијата на дигестивниот тракт, има антивоспалителни, антибактериски и антитуморни својства, Делува аналгетски и хипогликемично – го намалува нивото на шеќер во крвта. Ефикасно го отстранува заморот.
Лековити својства на коренот од дринарија
Овој корен долго време се користи за подобрување на општото здравје и квалитетот на животот, благодарение на следниве карактеристики: силни антиоксидансни ефекти со кои се намалува деструктивната моќ на слободните радикали, го забавува стареењето, го спречува негативното влијание на алкохолот и никотинот во организамот, го подобрува имунитетот и обезбедува тонизирачки ефект врз целото човеково тело, го намалува ризикот од кардиоваскуларни и канцерогени заболувања, ја чисти крвта од несакани елементи, спречува атеросклероза.