Капсулите И Шен Бао (за мажи) се наменети за здрави бубрези кај мажите. Овие капсули го поддржуваат здравјето и урогениталната функција на мажите. Тие имаат регенеративно, аналгетско, антиоксидансно и антисептичко дејство. Исто така имаат функција на детоксикатор на целиот организам.


Состав:
- Хризантема
- Екстракт од лотус
- Далјански остриги
- Екстракт од цимет
- Екстракт од кинески рузмарин
- Екстракт од Жен Шен

Се препорачува да се употребуваат при:
- нарушувања на метаболизамот и интоксикација на организмот
- заболување на надбубрежните жлезди
- намалена циркулација и бавна диуреза
- проблеми со сексуалната функција

Лековити својства на хризантемата:
Хризантемата е претставник на кинеската медицина и е позната како “еликсир на животот”. Научниците во хризантемата пронашле многу биолошки активни супстанции неопходни за здрав живот. Цветот и листот на хризантемата изобилуваат со флавониди. Исто така, имаат голема количина на аскорбинска киселина (витамин C), и витамини B1, B2, B3, витамин Е и микро и макро елементи : силикон, калиум, фосфор. Хризантемата се користи за мигрена, алергии, стрес и анксиозност, подобрување на апетитот, како и разни иритации на кожата.
Хризантемата ги ублажува симптомите во сите кардиоваскуларни болести, го зајакнува срцевиот мускул, го регулира артерискиот и церебралниот проток на крв, го намалува очниот притисок, го намалува ризикот од глауком, го подобрува видот. Позитивно влијае при воспалителни процеси на сите органи (белите дробови, црниот дроб, желудникот, цревата).

Лековити својства на циметот:
Циметот го помага варењето на храната и го регулира апетитот. Го намалува ризикот од дијабетес и ги намалува мастите во крвта. Има антисептичко дејство на бубрезите и урогениталниот тракт. Ги неутрализира слободните радикали и има тонизирачки ефект.

Лековити својства на цветот од Лотус:
Цветот од лотус се користи како терапевтска храна за различни болести. Семето содржи голем број на супстанции кои се применуваат во терапија против туберколоза и сите воспалителни процеси на уринарниот тракт.

Лековити својства на дилијански остриги:
Дилијанските остриги се една од најважните компоненти во кинеската традиционална медицина. Тие имаат способност да го зголемат протокот на крв во бубрезите. Остригите се богат извор на калциум, а исто така содржат и магнезиум, железо и селен. Ја подобруваат и регулираат функцијата на бубрезите и уринарниот тракт. Благотворно делуваат на срцето и белите дробови и спречуваат анемија. Исто така, остригите се познат афродизијак и помагаат во решавање на сексуалните проблеми.