ЗАМАСТЕН ЦРН ДРОБ – превенција и третман

Црниот дроб е нашиот генерален филтер – најважната функција на овој орган е да ја чисти крвта од токсини, со создавање жолчка, која е неопходна за разградување на мастите, а помага и во апсорпцијата на супстанциите растворливи во масти, како и апсорпцијата на витамините А, Д, Е и К.
Меѓутоа, неуредниот живот кој подразбира лоша исхрана полна со нездрави масти, недостаток на движење, прекумерно консумирање алкохол и други штетни навики го преоптоваруваат црниот дроб и може да предизвика сериозни болести.

Замастен црн дроб е честа состојба предизвикана од таложење на премногу маснотии во црниот дроб. Здрав црн дроб содржи мала количина на маснотии.


Има две форми на замастен црн дроб:
• Предизвикана од алкохол (Оваа форма ги погодува луѓето кои пијат малку или воопшто не пијат алкохол, а се јавува поради складирање на вишок маснотии во клетките на црниот дроб). Кај луѓето кои не пијат многу алкохол, причината за заболување на замастен црн дроб е помалку јасна. Можно е нивното тело да произведува премногу масти или да не ги метаболизира доволно ефикасно).
• Непредизвикана од алкохол (Оваа форма е предизвикана од таложење маснотии во црниот дроб. Најчесто се забележува кај лица со прекумерна тежина. Високото ниво на маснотии во црниот дроб е поврзано со дијабетес, висок крвен притисок и бубрежна болест. Ако веќе имате дијабетес замастениот црн дроб го зголемува ризикот за развој на срцеви проблеми.)

Симптоми кои укажуваат на замастен црн дроб се:
• губење на апетит и телесна тежина
• гадење
• слабост, замор, поспаност
• пожолтена кожа и чешање
• стомачни болки
• надуеност т.е. акумулација на течност во абдоменот

Главни ризик фактори за развивање на замастен црн дроб се:
• Зголемена телесна тежина и гојазност
• Инсулинска резистентност
• Високи вредности на глукоза во крвта, предијабет и дијабетес тип 2
• Високо ниво на триглицериди и холестерол во крвта
• Метаболички синдром
• Некои видови инфекции како хепатитис Ц
• Пребрзо губење на телесната тежина
• Несакани дејства на некои суплементи
• Преголема изложеност на некои токсини
• Генетски фактори
-------------------------------------------------
ГАЊ БАО (за прочистување на црниот дроб)

Капсулите Гањ Бао се наменети за детоксикација и регенерирање на оштетените клетки и ткивото на црниот дроб, како и намалување на воспаленијата. Тие го намалуваат нивото на холестерол и жолчните киселини во црниот дроб. Исто така, имаат и позитивен ефект врз слезината, бубрезите и се употребуваат и при кожни болести (особено псоријаза и дерматитис).

Состав:
- Млечен трн (силабинин марианум)
- Екстракт од Кинеска магнолија
- Екстракт од женско биле
- Екстракт од корен на жалфија

Се препорачува да се употребува за:
- намален имунитет
- спречување на болести на црниот дроб и жолчното ќесе
- во терапии против тешки болести на црниот дроб (акутен и хроничен хепатитис, масна дегенерација на црниот дроб, инфилтрација, при онколошки процеси на црниот дроб, цироза и друго).
- одржување и регенерирање на црниот дроб и панкреасот
- при честа употреба на алкохол и цигари.

Лековити својства на млечниот трн:
Биофлавонот силабинин е најактивната состојка на млечниот трн. Тој е еден од најпопуларните билки за заштита на црниот дроб. Содржи околу 200 различни компоненти кои се многу важни за човековото тело. Меѓу нив, голем број на витамини : A, D, E, F, K и B комплекс, како и многу вредни микро и макро елементи: манган, бакар, цинк, селен, јод, калиум, калциум, магнезиум, железо.

Оваа билка се употребува за:
- зајакнување на имунолошкиот систем
- регенерирање на оштетените клетки на црниот дроб, и стимулирање на создавање на нови клетки
- заштита на црниот дроб од труење и токсични материјали, помага да се неутрализираат токсините и ги отстранува од црниот дроб
- нормализирање на моторните функции на жолчните канали, елиминирање на проблемите поврзани со дискензија, нормализирање на жолчната секреција, враќање на функцијата на жолчното ќесе
- има антиоксидансни својства ( ја зголемува антиоксидантната активност на витамините C и E)
- намалување на холесетеролот, намалување на ризикот од срцеви заболувања и тумори.

Лековити својства на кинеската магнолија:
Кинеската магнолија се смета за многу вредно медицинско растение. Таа ја подобрува работата на сите внатрешни органи на организамот. Го намалува лачењето на желудочните жлезди ( при чирови и гастритис). Благотворно влијае врз гинеколошки заболувања, стерилитет, одржување на тонусот и мускулите на матката. Го стимулира гастроинтестинаниот тракт, ја стимулира функцијата на метаболизамот, моторен и секреторен (особено при состојба на мрзливи црева).

Лековити својства на екстрактот од женско биле:
Во народната медицина женското биле се користи уште од античките времиња. Се користи во сите лекови за смирување на кашлица и астма. Се препорачува и за болести на бубрезите и мочниот меур, гастритис, болести на белите дробови. Исто така се користи за лекување на пациенти со болести на кардиоваскуларниот систем, туберколоза и како антивоспалителен агент во однос на сите органи.