Ефекти на WONDER за закрепнување на мускулите

Ефекти на WONDER за закрепнување на мускулите
13 February, 2025

ЗАДОВОЛСТВО

Во третираната група, 100 проценти од пациентите пријавиле задоволство од резултатите од третманот. Третманите беа удобни и без никакви несакани ефекти.

ДИСКУСИЈА

Просечната возраст на пациентите кои беа подложени на Wonder третмани беше над 40 години, а кај жените над 57 години, што е многу значајно, бидејќи се претпоставува дека оваа технологија ќе биде поврзана или насочена кон млади луѓе кои би сакале да имаат помускулесто тело. Бидејќи Wonder е достапен во естетските медицински клиники, им дава решение на средовечните луѓе од двата пола кои бараат естетски третмани против стареење, за подобрување на одредени области на телото и исто така го покажува интересот на овие возрасни групи за одржување на естетски прифатлив физички изглед.

Поголемиот дел од луѓето кои ги добиле Wonder третманите како главна цел имале намалување на тежината и телесните масти, лоцирани во пределот на стомакот, половината и колковите, што одговара на промените во телото што се случуваат со текот на годините, поради повеќе причини. Резултатите покажале по 10 третмани, во краток временски период, без разлика на начинот на живот и исхрана на овие лица, кај сите пациенти е забележано намалување на телесната тежина, индексот на телесните масти и пациентите го зголемиле индексот на мускулна маса, менувајќи ги процентите на маснотии и мускули кои ја сочинуваат телесната тежина, со што се задоволуваат очекувањата од Wonder третманот и естетски се постигнуваат подефинирани тела. Намалувањето на локализираните маснотии беше многу значајно и во абдоменалните регии, на половината, а имаше и намалување на периметарот на задникот.

Важно е да се напомене дека во пределот на задникот, по 40-тата година, се случуваат важни промени, како кај жените така и кај мажите, со оглед на хормоналните промени, седентарен начин на живот, прекумерната тежина и атрофија кои доаѓаат со возраста. Меѓу другото, манифестирани со губење на тонусот на ткивото, опуштениот задник и масните наслаги, особено на ниво на колковите, позначајни кај жените и кај луѓето со прекумерна тежина. Заклучуваме дека намалувањето за неколку сантиметри на периметарот на задникот кај овие лица, по третманите со Wonder, се должи на намалувањето на масната маса, тонирањето и замената на ткивата во таа област, што е многу задоволително, а тоа значи дека резултатите не се споредливи, ниту, пак, може да се поистоветат со оние на задникот кај младите луѓе.

Сите пациенти кои ги имаа Wonder третманите беа презадоволни од постигнатите резултати, како и со промените во нивното тело. Друга причина за задоволство беше подобрувањето на текстурата на кожата и особено намалувањето на целулитот. Програмата „Целулит“ делуваше кај 95% од средовечните корисници на Wonder.

ЗАКЛУЧОЦИ

Целта на оваа студија беше да се потврди ефикасноста на третманите со Wonder уредот за намалување на масната маса и подобрување на фигурата кај средовечните луѓе, а добивме резултати кои ги сметаме за многу задоволителни. Во 100% од случаите, забележано е значително намалување на масната маса, зголемување на генералната мускулатура и намалување на периметарот на стомакот и нозете. Исто така, евидентно беше зголемувањето на силата и подобрувањето на физичката кондиција на пациентите.